Map Graph

Улица „Партизански Одреди“ - Трговски Центар (археолошко наоѓалиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Улица „Партизански Одреди“ - Трговски Центар — некропола од римското време на подрачјето на скопската населба Карпош III, Македонија. При градењето на трговскиот центар Карпош III, во 1989 година е пронајдена надгробна стела со латински натпис. Во полукружниот фронтон над натписното поле се наоѓа релјефна претстава на машка биста. Споменикот се чува во Музејот на Град Скопје.

Read article